„Постојат поединци, групи, па дури и политички партии кои се финансирани од трети држави, кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и работат против евентуален договор со Бугарија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека и овие денови се забележуваат реакции од таквите пропагандисти кои обвинуваат за национални предавстава и од двете страни и во Софија и во Скопје.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков за протерувањето на пет руски дупломати кои работеле против договор меѓу Бугарија и Македонија, Ковачевски ијзави дека му верува на неговиот бугарски колега, бидејќи таа изјава е базирана на информациите од бугарските служби.

„Немам детали, но сигурно дека тоа што е за споделување, нивните агенции за национална безбедност ќе соопштат“ рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.