Државна лотарија водена од Перпарим Бајрами поранешен шеф на кабинет на Артан Груби набавила апарати за коцкање во висина од 12 милиони евра. oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Перпарим, поранешниот шеф на кабинет на Груби, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 2 милиони и 100 илјади евра, на 18 јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18 јануари!

Додека народот гладува, додека Македонија има најниска минимална плата, додека нема пари за лекови, Лотарија на Македонија водена од кадрите на ДУИ и Артан Груби троши 12 милиони евра за апарати за коцкање.Со СДС и ДУИ нема пари за потребите на граѓаните, но има пари за бизнисите нивни.СДС и ДУИ ја уништија Македонија. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.