Носителот на Листата во првата зона на Коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, воедно и претседател на Демократско Движење, се сретна со граѓаните на Чаир, но и ја посети Старата чаршија, разговарајќи со разни трговци и гастрономи.

„Продолжуваме со нашите средби со граѓаните, денес сме во Старата чаршија, односно во близина на зградата која порано беше дел од Тетовски универзотет, додека денес Артан Груби ни ги донесе казината во најфреквентниот простор како што е Скопската чаршија, изјави Меџити.

Меџити ја обвини власта дека прави девијација на општеството со деструктивни инвестиции и казина кои го одземаат здивот на новата генерација.

Меџити ја презентираше и политичката програма велејќи дека програмата на ВЛЕН е прагматична, достапна и многу достојна за граѓаните и општеството на земјата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.