Весна Јаневска, универзитетски професор и претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа, вели дека решени за зголемување на платите на наставниците и вработените во детските градинки мора да има, посочувајќи дека несериозен е пристапот на министерот и владата кон наставниците укажувајќи дека СОНК уште пред месец ипол најавувал дека е потребен социјален дијалог во однос на зголемување на нивните плати.

Ова изгледа како шега или би рекла мајтап со наставниците. Како што веќе ѝ е познато на јавноста покрај тоа што имаше преговори со претходната министерка и овој министер вели дека првото барање го примил на 3 март. Денеска сме 15 април, значи поминато е скоро е месец и пол, во кое синдикатот најавува дека е потребно да разговараат или дека е потребен тој социјален дијалог. Кога наставниците во оваа состојба во која се наоѓа државата решиле да штрајкуваат тоа значи народски кажано дека е дојде нож до коска. Оттука ваквиот однос на министерот и целата влада кон наставниците на нешто што е столб на државата и треба да остане како такво, а е длабоко нарушено, е многу несериозен пристап, додаде таа.

Решение мора да има, нагласи Јаневска и додаде дека потребно е враќање на достоинството на просветните работници, потенцирајќи дека голем број на наставници трошат од своите лични средства за да можат да одржат настава.

Примаат под минимална плата, немаат средства со кои сакаат квалитетно да работат, еве да речеме дека одреден процент ќе се помират со ситуацијата, но огромен процент вложуваат лични средства за да можат да ја држат наставата, од компјутери, таблети, нагледни дидактички средства. Фотокопирање на наставни ливчиња, тестови, кои што сами ги прават од своите средства во печатница, училиштата немаат ниту тонери, ниту хартија. Знаете какви се ситуациите во општините, намалени се блок дотациите. Состојбата е многу сериозна, поготово затоа што инфлацијата е страшна, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.