Достоинството на наставниците потребно е во еден акт и ургентно да се реши. Достоинството на наставникот е нарушено, бидејќи ова се минимални средства за нивниот живот, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат-М Телевизија.

Кога станува збор за менаџирање на средствата, тогаш станува збор за менаџирање на буџетот, а богами и за менаџирање и на криминалот. Толку многу пари се потрошија на криминални дејствија докажани и во процес на докажување, рече Јаневска.

Јаневска посочи дека потребно е Владата да изнајде пари бидејќи за наставници станува збор, за луѓе кои ќе ја носат државата во иднина.

Работа на Владата е да проектира соодветни буџети, тие знаеја и при крајот на годината каква е кризата и при почетокот на годината. Потребно е да направат ребаланс на буџетот и да се скрати криминалот кои го прават. Нека изнајдат пари бидејќи за наставници станува збор, за луѓе кои ќе ја носат оваа држава во иднина, изјави Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.