Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска испрати порака до министерот за образование Јетон Шаќири дека наставниците не го прифаќаат предлогот за 10% покачување на платата.

Цела Македонија се обединила околу платата на наставниците. Конечно и наставниците праќаат гласна порака дека и тие се значаен чинител во општеството. Наставниците истрајни, Владата сè уште несвесна за тоа што се случува. Обидите за кршење на штрајкот не успеваат, наставниците на притисоците не попуштаат. Министре итно прифатете 18% покачување, затоа што наставата е приоритет, како што и Вие пет дена тврдите, пишува јенвска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.