Поранешнатaта Специјална обвинителка Катица Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции по добиена анонимна пријава извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

 

Јанева била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара но со оглед дека веќе направила прекршок нема да и биде дозволено- потврди за „Република“ директорот на Управата Александар Пандов.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.