Откако беше одбиена иницијативата за ставање на предлог законот за амнестија на осудените за „27 април“ на дневен ред во Собранието, со реакција се јавија и неколкумина осуденици.

Игор Југ во врска со ова напиша:

„Им благодарам на Драган Стари Пешевски и на Јанаки на идејата и иницијативата!
Им благодарам на сите пратеници кои гласаа ЗА!

 

Оние кои гласаа против имаат свои причини кои не сакам да ги анализирам. Животот е круг, еднаш и за некој кој на нив им е мил, а можеби и за нив лично ќе треба да се гласа…

 

Им благодарам на оние кои искрено не поддржуваат и ја посакуваат нашата слобода, бидете благословени луѓе!

 

Посебно ќе се осврнам на оние кои лицемерно ќе лајкуваат на овој пост, а во длабочината на својата расипана душа посакуваат никогаш да не излеземе од затвор и на кои сето ова што се случува во Македонија изминативе 6 години им оди на рака и им одговара на нивните лични интереси и на интересите на центрите на моќ на кои им ја имаат продадено душата за грст сребреници.

 

Прочитани сте како буквар, тоа што не ве терам директно у … е затоа што сакам да видам до каде ќе терате за да станете “некој и нешто” и финансиски да се осигурате. Засега гледам дека имате огромен капацитет на тоа поле!

 

Само знајте едно : Сите стари удбаши душа испуштале врескајќи како јариња и барајќи свештеник да ги исповедаат тоните грев кои ги имале на душата, сите лицемери по професија поминувале исто. И вие така ќе завршите, а се она што сте го заработиле со лицемерје и кодошлук, ќе ви го трошат други.

 

Животот бргу поминува, а личен избор е дали ќе го проживееш како човек или како лебарка!

Јане Ченто се огласи со мисла на Кочо Рацин:

„Кажете и на мајка ми нека не жали, оти ние сепак ќе победиме!“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.