Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги коментира информациите објавени во молдавските медиуми дека врз него и неговата делегација бил планиран атентат за време на посетата во Молдавија како претседавач со ОБСЕ. Како што рече Османи посетата се одвивала според предвиденото и течела без никакви нарушувања.

-Немаме потврда за такво нешто, веројатно е обид за издигнување на наратив на меѓународно ниво бидејќи претседавач со ОБСЕ е таков профил. Тоа беше една важна посета на нашето претседавање, бидејќи е дел од замрзнатите конфликти меѓу Кишинев и Тираспол. Мислам дека посетата се одвиваше во предвидениот тек и во двата града, имавме доверба во молдавските авторитети во обезбедување на таа посета и на средбите кои ги остваривме. Во текот на посетата немавме никакви индикации за такво нешто. Се уште се сомневам дека е обид за издигнување на некаков наратив на меѓународна сцена – рече Османи за „Канал 5“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.