Две различни тела на Собранието, едното предводено од власта, а другото од опозицијата, на едно место дебатираа за последниот извештај за напредокот на Европската комисија. Овој факт позитивно го истакна во својот говор евроамбасадорот Дејвид Гир, кој ги повтори критиките и оценките за извештајот. Гир ја спомена политичката поларизација во  Собранието, злоупотребата на скратените процедури за одобрување закони, застојот на Жан Моне процесот, опасноста од политички влијанија и корупција во правниот систем, во судовите и обвинителството, како и  ограничен напредок на слободата на изразување, пишува Алсат.

Заедничките и стимулативни напори на сите партии се неопходни како приоритетно прашање за зајакнување на клучната улога на Собранието, како форум за конструктивен политички дијалог, особено во реформската агенда на ЕУ, што ги надминува политичките поделби. Сакам да ја истакнам извонредната соработка меѓу коалицијата на власт и опозицијата, при донесувањето на законот за буџет. Тоа е модел што треба да се следи во европските реформи во различни сектори, и исто така во денешниот тежок економски контекст“, рече Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

 Вицепремиерот Бојан Маричиќ, ги истакна позитивните оценки на извештајот, и побара поддршка од опозицијата.

Како пример, Маричиќ ја посочи Хрватска, која го забрза процесот на интеграција со одобрување иницијативи и реформи со национален консензус. Сепак, опозицијата вели дека актуелната власт е далеку од примерот на Хрватска.

Милошоски нагласи дека ова е прв извештај од сите извештаи на ЕК во кои Собранието е оценето полошо во однос на другите институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.