Како се дава повторно на партија како ДУИ директорско место, кога изведоа светски скандал и насилство во контрола за летање на НАТО членка, прашува преку фејсбук статус политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Значи, прво и основно, најавија: “Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.”
Ништо од тоа, ама ајде, знаевме.
Второ, веќе покажаа дека ниту Судот, ниту Влада не им може ништо.
Они се и Извршна и Законодавна и Судска власт.
Трето, тој главниот тепач ослободен од судот, сега за него и неговата позиција во М-НАВ ќе одлучува новиот му директор од ДУИ.
И Конечно, како се дава повторно на партија како ДУИ директорско место, кога изведоа светски скандал и насилство во контрола за летање на НАТО членка, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.