Македонија ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23), која се одржа во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот, велат од МИОА.

Како што посочуваат од МИОА, второто достигнување за нашата земја на конференцијата е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6Г) во пониски фреквенциски опсези.

Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација, нагласуваат од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.