Под мотото „Да подариме насмевка“, по шести пат, тимот за одговор при катастрофи – тим за спасување на планина, во костимите на детските херои – Спајдермен, Бетмен, Мини и со помош на Дедо Мраз, денеска со јажиња ќе се спушти на Клиниката за детски болести во Скопје.

Станува збор за традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје, а организаторите најавуваат дека малите пациенти ќе добијат и новогодишни пакетчиња.

Благодарност до Општинска организација на Црвен крст Центар за донираните пакетчиња и до „Анимација Бамбино“ за костимите и несебичниот ангажман околу овој проект, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.