По ВМРО-ДПМНЕ, и Беса најавува блокада на Собранието.

Од партијата велат дека ќе се користат сите можни механизми за да предизвикаат што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.

Ставот на Беса е многу јасен и го повторуваме неколку месеци. Легитимитетот на Владата е спорен бидејќи мнозинството е направено преку уценувани пратеници и политички партии кои преку ноќ од критичари на власта станаа дел од Владата. Ваквиот состав на Владата рефлектира и лошо управување со сите институции, затоа е многу битно ден побрзо да имаме парламентарни избори, легитимнитетот да се врати на граѓаните и тие да одлучат за тоа кој треба да ги претставува – порача Елмедин Мемиши за „Слободен печат“.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.