Кој сака да не одговара за криминал и корупција, нека се зачлени во ДУИ, коментира поранешниот министер Џевдет Хајредини.

Со слична теза вчера настапи и Трифун Костовски, кој го постави прашањето дали би имало случај околу злоупотребата на должноста на Мухамед Зекири, доколку тој беше член на ДУИ.

Лидерот на Алијанса за Албанците, пак, Зијадин Села, на прес-конференција објави кои се судиите и обвинителите кои ДУИ ги држи во своја рака, поради што и сите покренати случаи против функционери од или блиски до партијата, пропаднале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.