Груби е правно неспремен. Не постои во Законот за безбедност на класифицирани информации, термин “деловна тајна” и дека се издава безбедносен сертификат на лица за да имаат пристап во деловна тајна, се вели во партиското соопштение спратено до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на заканите на координаторот за криминал Артан Груби дека објавувањето на договорот за коридорот 8 кривично ќе се одговара би го истакнале следново: Заканите се најдобра потврда дека владата на Ковачевски крие скандалозни работи и обврски за кои кривично ќе се одговара бидејќи создале финансиски обврски за државата и ја ставиле во подредена позиција. Договорот кој Артан го крие не е никаков класифициран податок. Груби би требало да знае дека странско правно лице (во случајов Бехтел и Енка) не може да бидат создавач на класифицирана информација. Ниту па има закон со кој истиот се прогласува за деловна тајна. Добро е Груби да одговори: Со каков степен на доверливост е означен договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка? Кој е создавачот на класифицираната информација – договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка? Добро е коалициските ортаци да се договорат, Груби кој вели дека договорот е класифициран, и Каевски кој вели дека не е, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

И треба да знаат дека затвор не им бега, додаваат од опозициската партија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.