Ништо нема да се промени во политиката на бугарските институции – како што се Собранието и Владата, ниту пак ќе се смени граѓанската перцепција кон Македонија, вели поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев, коментирајќи ги за „Фокус” вчерашните четврти по ред парламентарни избори во Бугарија во само 18 месеци.

Според него вековната бугарска стратегија чии што фундаменти се науката, образовниот систем, социјалниот инженеринг, не дозволива маневарски простор кај било кој политички субјект во Бугарија кон т.н. „македонското прашање”.

Сè додека ние во Македонија не разбереме дека попуштањето од наша страна води само кон се поголем притисок од бугарска страна, нема да има подобрување во двонасочниот бугарско-македонски дијалог. Без рамниправност и симетрија, нема да има взаемна почит и меѓусебна доверба помеѓу бугарската и македонската држава, заклучува тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.