Во контекст на актуелните македонско-бугарски односи, ценам дека треба да се напомене дека во март 2009 година, прв и единствен пат од АСНОМ-ска Македонија до денес, претседател на македонското Собрание се обратил во Народното собрание на Бугарија, вели поранешниот парламентарен спикер Трајко Вељаноски, споделувајќи фотографии од неговиот говор пред бугарските пратеници во Софија.

Во таа прилика од бугарските пратеници побарав да го искористиме моментот, оти од историја не се живее. Претходно и претседателот на Народното собрание на Бугарија, Ѓорѓи Пирински во говорот во македонското Собрание март 2008та порача дека треба да се прекине со стереотипите од минатото. Ова беше период на многу добри билатерални односи. Во таа смисла, за сè има ден па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување, а во корист на двете држави и двата народи, вели Вељаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.