Поранешниот македонскиот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа, изјави дека францускиот предлог е дефакто усогласен помеѓу Македонија, Франција и Бугарија.
Бугарите многу огранизациски и функционално подготвени го дочекаа предлогот, го дискутираа дебатираа и изглсаа. Тој предлог 100% ги задоволува бугарските барања и со тој потпишан протокол дефакто договорот за пријателство станува интегрален дел од преговарачката рамка – изјави Ѓорчев.
Тој посочи дека Македонија влегува во преговорите со Бугарија со врзани раце.
Врзаноста на нашите раце произлегува од асиметричниот Договор за пријателство потпишан на 1 август 2017 година.
Ние треба да бидеме свесни зошто нас ни се врзани рацете и ако веќе имаме таков договор којшто е асиметричен и кој ги фаворизира бугарските интереси, тогаш Македонија за овие пет години мораше да извлече поука – изјави Ѓорчев.
Според Ѓорчев, македонскиот пристап треба да биде храбар, добро концепиран и одобрен од Македонската академија на науките, како што БАН му дава зелено светло на Петков.
Наместо да бараме ние измена на договорот во сензибилните точки коишто се против нашите интереси, ние тврдоглаво удиравме со глава во ѕид. Ние удирајќи со главата во ѕид не стигнавме никаде – истакна Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.