Фотографија од плажа на која се гледаат пораншниот премиер Зоран Заев, заедно со неговото мото-другарче, Венко Филипче, денеска кружи на социјалните мрежи.

Ја начекав на нет сликава, анонимниот објавувач тврди дека лицата, добро заштитени под сенката на Егејот (да не изгорат), се извесни лица кои ги збори половина фејсбук денес. Што знам шо да мислам, сигурно не се до толку безгрижни, си велам…, пишува Богдан Илиевски, споделувајќи ја фотографијата.

Фотографијата, наводно, е сликана денеска, ден по објавувањето на документарниот филм „Убиство во Тетово“, во кој Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) открива досега непознати факти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, кои покажуваат саботирани истраги и прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.