Емилија Александрова, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, која подоцна стана независен пратеник во македонското Собрание стана регионален началник на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за Берово и Делчево, објави „Фокус“.

Како што пишува „Фокус“ тоj регион ги опфаќа и градовите Пехчево и Македонска Каменица.

Александрова во македонскиот Парламент влезе како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Во 2018 година таа со уште седум сопартијци гласаа за уставните измени, со кои се смени името на државата во Северна Република Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.