Откако вчера не одговори на прашањето, Европската комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел.

За потсетување, МИА вчера побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на ЕУ процесот поради билатерални спорови, но одговор доби само за вториот дел.

Денеска од Европската Комисија до МИА испратија кус коментар за името на клубот, но без осуда.

Од блиску ги следиме настаните, како и одговорите на настаните. Свесни сме дека отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола именуван по фигура која е перципирана како високо контроверзна во Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните, стои во писмениот одговор на ЕК.

Понатаму Комисијата додава дека „почитувањето на човечкото достоинство, владеењето на правото и почитувањети на човековите права се темелни вредности врз кои е изградена ЕУ“. Веднаш потоа во реакцијата повторно се охрабруваат двете страни да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања и се потенцира важноста на добрососедските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.