Најавите кои дооѓаат од Софија и Париз може да отвори нов преседан во преговорите меѓу Европската унија и земјите кандидати.

Доколку билатералните спорови станат услов за почеток на преговори тоа ќе значи дека и други членки на ЕУ ќе го следат примерот на Бугарија. Прва би можела да биде Хрватска која сигурно нема да ја пропушти приликата да ја блокира Србија, а понатаму и Босна и Херцеговина.

Копенхашките критериуми се и треба да останат услов некоја земја да почне преговори и да стане членка.

Ваков став немаше дури ни Грција со која исто така имавме билатерален спор за името. Но, јужниот сосед никогаш не побара спорот да влезе во преговорите со ЕУ туку имаше став спорот да се реши пред тие да почнат.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски за „Република“ нагласува дека се уште не е јасно што Франција точно предложи на Бугарите, но оти најавите се поразителни и Македонија во во никој слчај не смее да ги прифати.

Според него. се потврди деа ЕУ е доведена во ќорсокак со своите политики и случајот со Македонија им претставува голем товар.

Неспорно е дека Макрон е лидер на Унијата и дека е длабоко ангажирана со рефорите но дококу тој навистина бара бугарските небулози и национал шофинизам да влезат во преговарачката рамка , тоа не е само што ќе биде преседан туку и ке го затвори патот за сите идни членки-анализира Никовски за „Република“.

Според поранешниот амбасадор, можеби тоа е и намерата на Макрон ако се знае дека 62 проценти се против проширувањето а само 23 проценти би сакале да ја видат Македонија во нивнот друштво.

Ако барањата на Бугарија влезат во преоговорите, тоа во суштина значи дека во преговарчката рамка ќе влезе и декларацијата на бугарсиот пармамет која ја е поддржана од сите партии.
Во неа јасно се бара Македонија да прифати дека имаме заедничка (бугарска) историја, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и оти Македонците до 1944 година биле Бугари.

За што всушност треба да преговараме

Минатата година токму на барање на Франција беше променета преговарачката методологија и наместо 32 поглавја се воведоа шест кластери и реверзибилен процес.Тоа значи дека иако земјата кандидат затворила некој кластер тоа може да се врати назад и пак да го преговара доколку некоја земја членка тоа го побара.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.