Демократската унија за интеграција целосно и недвосмислено ги поддржува уставните измени за европската иднина на нашата држава.

„Денес, Република Македонија е полноправна членка на Северноатлантската НАТО алијанса и го продолжува својот пат кон големото европско семејство.

Уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на интегративните преговори со Европската Унија и организирање на втората меѓувладина конференција.

Демократската унија за интеграција апелира до сите парламентарни политички партии и 120-те пратеници силно да размислуваат за интересите на граѓаните и државата и да не ги блокираат важните процеси како што се евроинтеграциите.

Денеска, во Собранието почна процесот на уставни измени и конечната определба за нас, за нашето општество, во нашата политичка сцена, кој е за интеграција во Европа и Америка, а кој е за изолација и Русија.

Нема средина, нема алтернатива, нема друг пат“ – велат од ДУИ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.