Демократската Унија за Интеграција продолжува да се залага со сите свои кадровски и програмски капацитети во служба на економската благосостојба на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард во време на справување со светската економска и енергетска криза. По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и просечната плата на 29.943 денари, трендот на подобрување на животниот стандард на граѓаните го продолжуваме со рекордно зголемување на пензиите на вкупно 326.841 пензионери во земјава, велат од ДУИ.
На средбата со претставниците на здруженијата на пензионерите ја договоривме новата методологија на зголемување на пензиите, со која се предвидува од Септември оваа година пензионерите да имаат просечно до 900 денари дополнителни средства секој месец во нивните пензии. Покрај спроведувањето на оваа економска мерка која овозможува соодветно усогласување на пензиите согласно зголемувањето на минималната плата и трошоците за живот, се обврзавме и овозможивме во месеците март, април и мај на пензионерите да им се обезбеди директна парична помош од 1.000 денари. Статистичките пресметки предвидуваат дека во текот на 2022 година во буџетот на пензионерите ќе се инкасираат околу 12.000 денари повеќе од 2021 година, велат од партијата.
Демократската Унија за Интеграција како дел од Владата посветено ќе продолжи со спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните, посочуваат од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.