„Многу храбро вака на Фејсбук“, „Што не го кажавте ова на говорница?“, „Зошто сте пратеничка“, се само дел од коментарите кои граѓаните ги оставија под статусот на пратеничката од СДСМ и довчерашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, преку кој таа порача дека новиот собраниски спикер Африм Гаши го прекршил Уставот и Законот за македонски јазик со тоа што заклетвата ја даде прво на македонски, а потоа на албански јазик.

Покрај македонскиот јазик, втор официјален јазик е албанскиот, но нема полоша политика од тоа јазиците да ни станат методи за политичка пропаганда. Затоа, да се почитуваме, да си ги почитуваме Уставот, државата, законите, различностите и особеностите, порача меѓудругото Костадиновска Стојчевска.

Но, не од собраниската говорница за време на конститутивната седница, туку преку „Фејсбук“.

Тоа што ни таа и ниту еден од нејзините сопартијци од СДСМ кои добија пратенички мандати во новото Собрание не се јавија за збор и не станаа ни еднаш да учествуваат во дискусијата која се водеше вчера, ги разлути и граѓаните, но и останатите членови на СДСМ.

Прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ од однесувањето на пратениците од СДСМ, а му се придружија и многу други сопартијци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.