ВМРО ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски изрази длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп.

Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување.
Тешко е да се изберат зборови за утеха во вакви трагични мигови, но сум уверен дека солидарноста и хуманоста на луѓето ќе помогнат што побрзо да се обединат и насочат сите капацитети кон обновување и санирање на погодените места од разорниот земјотрес, напиша Мицкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.