Македонскиот претседател Стево Пендаровски ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, со шарпланинецот Рок, кој е милениче на сите во резиденцијата на Водно.

Новак утрово беше пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин Пендаровски, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Новак за време на престојот во Скопје ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации.

Претседателите Пендаровски и Новак ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Поради посетата на Новак, како што соопшти МВР, СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.