Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека Албин Курти сака од власт да го симне Али Ахмети и ДУИ всушност е пропаганда која има за цел да им наштети на Албанците во Македонија.

Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците во државата. Но, граѓаните разбираат на што се однесува душегрижноста на оние што ги даваат тие изјави. Во суштнина и децата знаат дека се работи индиректно, односно се инцицира незадоволство кон ДУИ, а во суштина е попречување на она што се проекции за достигнување на оние цели кои се програмски определени како присуството, работата и живеењето на Албанците како колетивен народ тука во Македонија, рече Џафери.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.