Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседателот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Идеите и делата на Гоце Делчев за самостојна и независна Македонија се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се.
Гоце е нашиот симбол за вековната борба на македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите”.
Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме.
Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да оддадат почит кон македонскиот великан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.