Се подотвора вратата за зголемување на даноците, а ВМРО-ДПМНЕ е против тоа, изјави денеска во Прилеп, потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ Александар Николоски, кој присуствуваше на одбележувањето на годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај Карпалак.

– ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување, туку треба да има кратење на постојните даноци. За да се развива бизнисот, треба да му се остави слобода, рамен ДДВ и да има ниско оданочување за средствата да се употребат за развој, рече меѓу другото Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека до крајот на месецов ќе се знае за референдумското прашање.

– До крајот на август ќе се знае референдумското прашање, а потоа ќе почне процедурата за собирање 150 илјади потписи за да се слушне расположението на народот, изјави Николоски.

Николоски ги отфрла обвинувањата од политичкиот противник СДСМ дека си нарачува анкети за висок рејтинг.

– Анкети нарачуваат политички партии и се главно мерило каде се наоѓа една политичка партија меѓу два изборни циклуса. Секако дека најдобра анкета се изборите. Во однос на резултатите на анкетите, сите се апсолутно точни. Станува збор за најголемата куќа во Европа, тоа е француската ИПСОС која досега нема промашено истражување. Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тоа е и расположението на народот, изјави Николоски во Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.