Во име на демократијата и еднаквоста, Владата на ДУИ и министерот Бектеши, мора да соопштат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја?Дали владата којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите?Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши?,прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма, бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени?Дали владата ќе дозволи можеби повисока сметка на струја на државно ниво за да се покрие таа разлика?

 

Ова се реални прашања од граѓаните коишто повторно се ставени во подредена состојба, во позиција од втор ред.

Епска драма за почитување на закон, за плаќање сметки за струја!? Ова е брука!

Но, почитувани ова е и резултат на корупцијата, на криминалот, на претприемачкиот дух на младите со презиме Ахмети или Груби, на рекламите на владата на сметките за струја!

И секако мора да се даде одговор на прашањето, зошто сега се случува овој проблем, ако се знае дека со само две неплатени сметки ЕВН гаси струјомер насекаде во Македонија? Како се дозволени толкави милионски долгови, а никој не преземал мерки?

Почитувани,

Одговорите на овие прашања се и одговори за зелената агенда, непостапувањето на ЈО за „Соравија“ и за аудито возено од Груби, за хотелот на Шапка, за локалот во Скопје! И секако одговор за наводните оставки и отворањето на Уставот како единствена пречка кон ЕУ!

Почитувани,

Само избори и ослободени институции се спасот!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.