На  завршните зборови за случајот „ТНТ“  поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски истакна дека овој процес има единствена цел од државниот буџет бизнисменот и политичар Фијат Цановски да наплати огромна сума на пари.

 

-На средба со инвеститорот на објектот „Космос” Фијат Цановски, тој не негира дека гради нелегално. Исто така, јас немам испратено порака до Никола Груевски, ниту сум го контактирал во врска со овој објект и повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба, вели Трајковски.

Во случајот „ТНТ” обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот премиер Никола Груевски на кој му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во Општина Гази Баба.

Завчера и поранешниот министер Јанакиески истакна дека ова е еден од ретките случаи каде наместо државниот се штити приватниот интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.