Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери на Ковачевски и Ахмети, поддржани од Апасиев кој глуми лажен патриот.Ковачевски нема ништо против средбата во Тирана, иако за македонски прашања се расправа надвор од државата, тоа е така зошто тој гледа гума за спасување на својата политичка кариера.

Дали средбата во Тирана е на барање на Ковачевски?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе биде резултатот на средбата од Тирана, дали Ахмети ќе ги учи во Тирана за зелената агенда, или ќе му донесе втора тиранска платформа на Ковачевски, кој за да се спаси ќе треба да ја прифати?

Единствениот договор кој треба да го има помеѓу сите политички партии во Македонија, не во Тирана, е обединување против криминалот на СДС и ДУИ и договор за избори за народот да одлучи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.