По синоќешната информација, соопштение за случајот со Вања Ѓурчевскасо кое МВР предизвика уште поголема паника во јавноста, како и денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јавниот обвинител Гаврил Бубевски останува клучната дилема и прашањето дали истрагата задоцни?! Зошто полицијата доцна реагираше и дозволи бегство на водителот на Инфомакс Љупчо Палевски кој е главен осомничен за убиството на Вања Ѓурчевска, како и за случајот со 74 годишниот Никола Жежовски.

Вања Ѓурчевска, 14-годишното девојче кое исчезна во понеделникот на 27 ноември околу 7.30 часот, вчера, 3 декември беше најдена мртва. Ова беше соопштено синоќа официјално од МВР, но се остана на штуро соопштение од Министерствто се до утрово кога се одржа прес конференција на министерот за внатрешни работо Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО Скопје.

Во околината на Велес пак беше известено дека е пронајдено и телото на Панче Жежовски кој имал 74 години од Велес, кој на 24 ноември 2023 беше пријавен за исчезнат.

Однесувањето на МРВ и воопшто на надлежните отвори многу прашања во јавност, многу сомнежи, неодговорени прашања, нелогичности.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски освен за веќе познатите информации исто говореше и за прашањето зошто веднаш немаше прес конференција синоќа. Спасовски денеска се правдаше зошто синоќа немаше прес конференција. Тој посочи дека ниту МВР, ниту ОЈО немаат ниту работно време, ниту слободни денови, објаснувајќи дека вчера во текот на денот морале да ги известат прво семејствата.

– Важно е да се мисли на семејствата, а луѓето работат се уште за утврдување на околностите. Оставивме да се изврши уште еден распит и неколку претреси за кои се чекаа судски наредби. Познато е дека СВР Скопје и СВР Велес веднаш ги презедоа сите мерки по пријавувањето на лицата за исчезнати. Беа извршени претреси во домови на подрачјето на Скопје, Велес и Штип, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, разговарано е со лица кои би можеле да имаат информации, а секојдневно работеа стотина луѓе на овие случаи, рече Спасовски.

Како и да е, однесувањето на МВР и ОЈО Скопје остава простор за низа дилеми и прашања како и зошто полицијата доцна реагираше и дозволи бегство на водителот на Инфомакс, Љупчо Палевски Палчо. Токму осомниченото лице кое е во бегство Палевски беше дел од јавниот простор. Палевски е личност која постојано беше дел од порталот Инфомакс. Јавноста бурно реагира токму на ваквото однесување или бара и токму оние кои шурувале со Палевски да се оградат од свои искази сега.

Спасовски се правдаше и дека за организацијата на Самитот на ОБСЕ во Скопје бил одговорен еден дел од МВР, а оти други биле насочени конн истрага за исчезнатата Вања. Јавноста во текот на минатата недела бараше одговори од надлежните, граѓаните и медиумите пак беа гневни и во текот на вчерашниот ден, особено по синоќешното штуро соопштение од МВР. И денешната прес конференција на Спасовски и Бубевски се коментира како многу задоцента и остава сомнеж зошто воопшто толку се доцни со се, а пред се со самата истрага и му е дозволено да главниот осомничен Палевски да избега.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со информација дека МВР пред пет дена имале информација дека Палчо е поврзан со исчезнувањето на Вања Ѓорчевска.

Главните и суштински прашања за Спасовски се – кога истрагата дознала за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Зошто полицијата на Спасовски реагирала предоцна? Дали е нормално за ваков траорен настан да ја информираат јавноста за трагичните настани преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и за што им требаше време од објавување на веста до одржување на прес конференција?

Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена! Зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација?!?

Како може неколку дена да има исчезнато лице со неговото сопствено возило, кое потоа убијците го користат за киднапирање на друго лице и со него вршат ново кривично дело – киднапирање и убиство?

Каде му е на Спасовски „Safe City“ системот, кога возилото на исчезнатиот Велешанец со денови се наоѓало во Скопје?

Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!? изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ; Игор Јанушев, на денешната прес-конференција.

МВР останува должно за одговор на прашањето зошто полицијата доцна реагираше и дозволи бегство на Палчо. На истото МВР треба да одговори час поскоро и веднаш да покаже со дела или да дојде до главниот осомничен Палевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.