Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски.

Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?

До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.