Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека изградено е ново спортско игралиште во село Пчиња со тартан подлога, ограда, голови и кошеви.

Игралиштето е полно со деца и младинци кои спортуваат, се дружат и се забавуваат. Секое населено место заслужува простор за спорт и рекреација. Во програмата за работа во следниот четиригодишен период, Општина Куманово има предвидено реализација на проекти од повеќе области, меѓукои и имплементација на спортски проекти кои даваат шанса на сите млади луѓе својата спортска кариера да ја градат во својот роден град. Да ги поттикнуваме нашите млади на здрави животни навики. Продолжуваме да градиме спортско-рекреативна инфраструктура на територија на целата општина со цел стимулирање на спортот и правилен развој на сите генерации, рече Димитриевски.

Во изминатите три години изградени се 13 спортски терени, со што подобрени се условите за развој на спортот во општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.