Македонија се вклучува во системот Е – 112 , европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на Европската унија, а целта е преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов неодамна информираше дека операторите кои ќе бидат ангажирани ќе мора веднаш да реагираат на добиениот повик.
Денеска на неговата Фејсбук страна беше објавен оглас за вработување во новоформираниот Сектор 112 при Центарот за управување со кризи.
Потребни се (46 лица со средно образование за позиција Оператор – примател на повици на телефонскиот број за итни повици и 4 лица со високо).Потребно е познавање на англиски јазик. Се вршат и дополнителни тестови за интелегенција и карактерни особини, стои во објавата на Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.