Зимската служба на општина Кавадарци во моментот е на терен со три возила, од кои едното е во градското подрачје и првично интервенира на покритичните улици (угорници), а подоцна и на сите други, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Возило е упатено на регионалниот пат Михајлово и кон Бошавијата, и истите вршат чистење на снежната покривка и посолување со ризла и сол, пишува Јанчев на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.