Претседателот на Фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов на својот Фејсбук профил најави дека на 4 февруари годинава ќе биде организиран превоз на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на „бугарскиот национален револуционер Георги Делчев“ во Скопје.

Тој ги повика сите Бугари да ја прослават 151-годишнината од раѓањето на Делчев

Претседателот на Македонија Пендаровски денеска пред Советот за национална безбедност на Република Македонија изјави дека „не смеело да им се дозволи на луѓето од Бугарија да ја преминат границата за да одат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев“. Можам да ви кажам на сите – планирајте во сабота на 4 февруари да бидеме сите во Скопје и да се поклониме на гробот на бугарскиот национален револуционер Гоце Делчев!!! Оваа изјава на Пендаровски ги уништува нашите билатерални односи и е повеќе од непријателска кон Бугарија и Бугарите – ќе ни забранеше да се поклониме на гробот на Гоце на неговиот роденден!!!
Имаме договорено превоз кој нема превоз и сака да дојде пиши ми или јави се на +359899384100. Во сабота на 4 февруари пред гробот на Гоце мора да бидеме илјадници Бугари!, стои во повикот на Стојанов.

Повикот на Стојанов е потврда на изјавата на претседателот Пендаорвски, кој предупреди дека годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде настан од висок ризик.

Тој рече дека се очекува на 4 февруари организирана група да пристигне во Македонија на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата се до гробот на Гоце Делчев.

Во изјавата Пендаровски не наведува дека на овие лица ќе им биде забранет влез, како што пишува Стојанов. Напротив, нивното движење ќе биде обезбедено и нема да се дозволи да предизвикаат индидент.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.