Пазете што читате и со што се согласувате, некогаш сте само мегафон на платена пропаганда, вели активистот и писател Божидар Божиновски, коментирајќи го Извештајот за завршена работа на проф. д-р Темелко Ристески, кој како вработен со договр на дело во Министерството за одбрана имал задолжение да пишува текстови, статуси и јавно да дава поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Да не биди дека не е кажано дека со наши пари плаќаме луѓе за врз нас да ни вршат пропаганда. И не е само Темелко и не е само од сдсм. Пазете што читате и со што се согласувате, некогаш сте само мегафон на платена пропаганда, вели Божиновски.

Бесно реагираше и лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.

Гнидава ја викаа на Телма, да дава изјави за референдумот. И оваквите ни се „професори” кои креираат јавно мислење (а тајно праќаат рапорти до министерот, оти се на платен список да пишуваат постови на мрежите). И не е само Темелко! Цел СОРОС сектор работи вака, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.