Аналитичарот Владимир Божиновски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека можната кандидатура на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за претседател било повеќе на ранк на шпекулации или да се загрее малку атмосферата. Според него не е изненадувачки бројот на кандидати на овие претседателски избори.

Има една специфика на овие избори којашто не беше на минатите. А тоа е дека веднаш по првиот круг ќе имаме парламентарни избори. Ова нема да биде борба кој ќе влезе во вториот круг, туку и борба да се види колкав е потенцијалот на политичките партии. Очекував шест кандидати, засега има девет. Секој оној којшто смета дека ќе може да направи некаков резултат кој ќе му донесе пратеници на парламентарните избори, ќе излезе со свој кандидат и тоа се случи. Ниту имињата не се изненадување. Се нагодуваше дека битката ќе биде меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Се очекуваше ЗНАМ и Левица да излезат со свој кандат, како и Ебропскиот Фонд и ДУИ – вели тој.

За кандидатурата на Бујар османи вели

„Очекувањата беа дека токму Бујар Османи ќе биде кандидат“, додава Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.