Oва се бројките:

04.01.2022 – 24 нови позитивни во Охрид

05.01.2022 – 25 позитивни во Охрид

06.01.2022 – 61 позитивен во Охрид

07.01.2022 – 54 позитивни во Охрид

08.01.2022 – 35 позитивни во Охрид

09.01.2022 – 26 позитивни во Охрид

10.01.2022 – 20 позитивни во Охрид

11.01.2022 – 51 позитивен во Охрид

12.01.2022 – 49 позитивни во Охрид

13.01.2022 – 60 позитивни во Охрид

14.01.2022 – 57 позитивни во Охрид

15.01.2022 – 38 позитивни во Охрид

16.01.2022 – 47 позитивни во Охрид

17.01.2022 – 16 позитивни во Охрид

18.01.2022 – 44 позитивни во Охрид

19.01.2022 – 48 позитивни во Охрид

20.01.2022 – 53 позитивни во Охрид

21.01.2022 – 25 позитивни во Охрид

22.01.2022 – 59 позитивни во Охрид

23.01.2022 – 36 позитивни во Охрид

 

Ова се фактите:

 

-првиот тест на Пецак излезе во јавност, дополнително, излезе ЕКСПРЕСНО, од институцијата во која се тестирал. Вториот, негативниот, не излезе од истата институција Тестот дали се работи за политички мотивирано незаконско изложување на приватни податоци е многу позитивен, иако во суштина крајно негативен

 

-моментално започна хајката и прес-конференциите со идиотскиот наратив дека „шетал намерно за да ги заразува сограѓаните“. Денес и колумни имаме, левел ап

 

-добил решение за изолација исто така ЕКСПРЕСНО. Еден куп луѓе прележавме, знаеме како „регуларно“ функционира „системот“. Мене на пример ми се јавија со решение за изолација на 11-тиот ден, а имав 10 дена изолација од матичната.

 

-се тестирал своеволно, без симптоми, без да биде пријавен како контакт на позитивен човек, туку за потреби на патување во странство (на 18.01.2022 Бугарија воведува задолжителен негативен ПЦР за влез на нејзина територија)

 

-по позитивниот тест има и негативен, но останува во изолација. Нема преиспитување/истрага дали асални тестови се прават и како е ова можно, фокусот „нормално“ е на хајката кон Пецак.

 

-хајката е за контактите на Пецак на отворен простор (да не повторувам, без симптоми и со многу сомнителни резултати до тестирање), покрај езеро. За да зарази некој покрај езеро треба веројатно саат време фокусирано да му дува во лице.

 

-како и сите глупави еуфорични хајки и оваа е победена од бројките, а ќе биде и од времето. Но, ќе остане траг дека додека им тепаат доктори по болници, додека им требаат 4 месеци да преведат документ од германски на македонски за болницата во Тетово, додека им требаат „сто години“ за обичен човек да добие третман од институциите, решенија за изолација итн итн… во случајов сите експресно се активирале бидејќи мислат дека „намирисале крв“.

 

-Вакви хајки се правеа и за литијата во Струга лани. Вакви хајки има на секоја причесна после велики пости. Веќе видена хистерија, веќе видени актери, улоги и наратив.

Добро здравје на сите, особено ментално на колегите од пр-секторот на СДСМ, напиша Богдан Илиевски на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.