Фотографијата на Бобан Кошинов на која тринаесетгодишната Андреа Данаиловска го крена на две нозе својот коњ, на чии гради беше македонското знаме, многу брзо се прошири на социјалните мрежи. Кошинков го „фати моментот“ на годинашното празнување на Илинден, на Мечкин Камен. Даниловска беше најмладата учесничка на Илинденскиот марш,

Кошинов е Велешанец, кој со фотографија и видеомонтажа започнав да се занимава пред околу седум години.

На Илинден бев дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и на Мечкин Камен. Додека ја чекавме коњаницата да пристигне, можеби тука е најинтересниот момент, сите фотографи и камермани се префрлија од другата страна, а јас останав кај делегациите. Пристигна коњаницата и беше пречекана бурно, во одлична атмосфера. Коњот на Андреа ми го привлече вниманието затоа што на неговите гради беше знамето на Македонија.
Се приближив да фатам подобар агол и тогаш Андреа го исправи на две нозе и направив неколку фотографии, меѓу кои и виралната. Навистина бев среќен и горд што таа фотографија ја виде речиси цела Македонија, вели во интервју за „Колибри“, додаток во дневниот весник „Нова Македонија“ Кошинов.

Целиот разговор може да го прочитате во Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.