Тоа видео да се направеше во странство, ќе добиевме аплауз, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ што ќе биде емитувано целосно в недела, откако тој беше дел од функционерите кои се снимија во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби како играат фудбал и кошарка.

Јас мислам тоа видео да се направеше во странство, сите ќе аплаудираа, но кон ДУИ се упатуваат сите стрели затоа што е најстабилна политичка партија и затоа има такви реакции за жал. Мене ми е криво што се креира една негативна енергија генерално во општеството заради тоа што такво видео не е во фазла употреба, туку тоа може да се направи во секое работно место. Ние сме колеги и го направивме како антистрес, без да сакаме да пратиме некому порака, рече Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.