„Историскиот“ натпревар меѓу децата на Али, министите од ДУИ во владата очекуваме во секој момент да се појави на билборди поставени по коридорите 8 и 10.

На толку стрес, колку што предизвикала историската владина седница во срцата на Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини изненадува количеството фотографии и уметничкото видео од антистрес терапијата.

Вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од неговото Министерството за политички систем, на кои се гледа како заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат во просториите на министерството.

Во меѓувреме, пи-ар машинеријата на министрите од ДУИ крчкала и видеозапис од фудбалскиот натпревар во просториите на Министерството за политички систем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Artan Grubi (@artangrubi)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.