Владата на СДСМ предводена од Ковачевски се претвори во туристичка агенција. Вработените патуваат на сметка и на конто на државата, ги пуштаат во Бугарија на пат како новинари, а згора на се, од СОЗР и од Владата лажат и демантираат дека тоа не е така, а никаде ама баш никаде не објавија официјални документи за она кое што го тврдат, односно го демантираат, истакна на денешната пресконференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски:
Имено, на заедничката седница која што требало да се одржи во јануари во Софија помеѓу двете влади, на четвртата седница на нашата Влада во Република Македонија се изгласало одлука да се обезбеди бесплатно сместување, патни трошоци и ПЦР тестови единствено за новинарите, никаде не е донесено одлука за вработените. Додека пак од СОЗР, Служба за општи и заеднички работи која што е под Владата, 6 луѓе заедно со директорот на СОЗР биле на државен трошок три дена во Софија додека траела седницата.
Тотално е нејасно зошто мора да одат 6 луѓе од СОЗР на заедничка седница помеѓу двете Влади, а згора на се да се обидат истите тие да бидат така наречено протнати на списокот како новинари. Очигледно се работи за екскурзија и за тура на која што требало да ја разгледаат Софија како изгледа. Трето нема.
Еве и нив јавно да ги прашаме: Дали е точно дека на четвртата седница на Влада на Република Македонија, било донесено одлука во точка 5, каде што пишува дека само за новинарите се обезбедуваат сместување, превоз и ПЦР тестови и никаде не е наведено дека за вработените во Влада или СОЗР?
Луксузот на грбот на граѓаните е една од примарните работи кои што ги работи оваа Влада предводена од Ковачевски и СДСМ, и нејзините поданици. Трошењето на парите на граѓаните за луксуз е навика која што никако не им престанува на СДСМ, дури ниту во сред економска криза, каде што самите велат дека ќе крателе од непродуктивните трошоци.
Додека граѓаните не можат да преживеат и да се прехранат, владините претставници се луксузираат и си прават екскурзии на грб на граѓаните и на државна сметка.
Секој смешен демант што го пуштаат од страна на СОЗР или од Владата да го демантираат овој скандал за вакви случаеви, не само за ова туку и за други, само покажува колку тие се очајни и смешни. Затоа, наместо штури и празни соопштенија и деманти без докази, за ова некој треба да си понесе одговорност или најмалку што треба да направи е да ги врати тие неколку илјади евра во буџетската каса кои што ги потрошиле за оваа екскурзија и никако поинаку!, рече Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.