Григор Прличев е најобразованиот и најталентираниот писател на македонскиот деветнаесетти век, трагична фигура на гениј без своја татковина и свој кодификуван јазик, како и сите наши преродбеници, пишува македонскиот писател Венко Андоновски во својата последна колумна за „Нова Македонија“.

Објаснува како „вториот Хомер, Македонец од Охрид, нема да им подлегне на славата и на понудата да ги продолжи студиите во Западна Европа на грчка сметка, дека ќе ја одбие понудата да стане светски човек (се разбира како Грк) и дека, наместо во Оксфорд, ќе се врати во својот темен Охрид, за конечно да се пресмета со елинофилството, затоа што длабоко во себе знае дека не е Грк“.

Андоновски додава и конечно, она прво „не“ на Грците, кога одбива сјајна кариера на студент во Оксфорд, Прличев им го повторува, во „културен“ стил, и на Бугарите.

Суштината е во онаа стилска мајсторија, првата подметната реченица: Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… Никаде не сум прочитал поубава дефиниција за македонскиот јазик: 1. лишен од бугаризми, 2. оригинален и 3. стародревен! Прличев, наведувајќи во наниз сто други лажни причини за одбивањето, додека се сетат Бугарите, им кажува уште во првата реченица дека не е Бугарин, туку Македонец. Е затоа не го бараат ни Грците ни Бугарите. Би сакале да го заборават. И кога веќе Бугарите тврдат дека учителите на Прличев биле Бугари (а за нив тој се откажа од светска слава), зошто да не им го дадеме и ученикот? Со она негово тврдење дека е „лишен од секаков бугарски речник“. Би било убаво нашата комисија за заедничка историја на следниот состанок да им го понуди Прличев на Бугарите, а и на Грците. Да видиме малку како изгледа историски нервен слом на дело, пишува Андоновски.

Целата колумна за Григор Прличев на „Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.