Има ли крај на лудилото кое секој ден ни го „сервира” СДС!?

Доктори  работат како библиотекари!?

Библиотека Браќа Миладиновци, раководена од кадар на СДС, бара од Советот на град Скопје да назначи докторка по медицина во управниот одбор на библиотеката.

Во време кога во сите болници низ Македонија недостасува медицински кадар и нема кој да се грижи за пациентите, СДС  ангажира доктори да работат како библиотекари и истите наместо да ги прераспредели да работат на клиниките, тие ги предлагаат за управен одбор во библиотеката во која работат!?

Тоа е таа неспособност на власта поради која имаме над 8000 починати само од Ковид и неколку пати повеќе изгубени животи, поради целосно нефункционален здравствен систем!

Затоа треба да си заминат што побрзо и секако да сносат одговорност за цел овој хаос кој го создадоа!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.