Алијанса за Албанците преку соопштение реагираше за изјавата на министерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, кој порача дека во Слупчане, Општина Липково, на свеченото пуштање во употреба на споменикот на УЧК, биле како гости, а не како организатори.

Според партијата, тоа е срамна изјава, бидејќи Османи се оградувал од УЧК и нивните борци.

Голем удар и навреда за славата на УЧК е денешната изјава на министерот на ДУИ, Бујар Османи од вчерашната инаугурација на споменикот на УЧК во Слупчане, особено кога оваа изјава доаѓа од оние кои инсистираат дека имаат ексклузивитет на историјата во 2001 година во Македонија!

 

Со оградувањето од вчерашниот настан во Слупчане, на кој присуствуваа сите функционери на ДУИ, Бујар Османи, всушност, покажа дека лицемерието на политичкиот клан што веќе две децении ги зафати Албанците од Македонија не препознава граници. Ова не е прв пат функционерите на ДУИ кога одат во албанските населби да се продаваат како патриоти и присвојуваат се национално, а кога се враќаат во Скопје по реакцијата на македонските партии се оградуваат и продаваат граѓани без идентитет.

 

Денешната изјава на Бујар Османи е скандалозен чин кој бара казна од секој Албанец, бидејќи со оградувањето од споменикот, тој всушност се обиде да ги оддалечи Албанците од УЧК.

 

Бујар Османи, кој во улога на политички кловн, на Албанците им стана познат по најголемите дипломатски грешки, без разлика дали со изјави, политички прогнози или имиња во дипломатските претставништва на земјава, денес им должи на сите објаснување бидејќи тој и ДУИ се срами: Од УЧК, од Албанците или од тоа што сите „крупни дела“ на ДУИ се всушност или без дозвола, или без политичка волја, или без институционална одлука!

 

Свеченото отворање на споменикот од кој ДУИ побрзаа да се оградат денеска е кулминација на политичката ароганција на една каста разгалена со прекумерна и долготрајна моќ, од која губи контакт со реалноста, а политичките гафови и навреди кон гласачите се враќаат во секојдневието. Јавно прашуваме: Која ДУИ стои зад надгробната плоча? Непостоечката зелена ДУИ на премиерот? Црвената ДУИ од десетгодишната коалиција со Груевски и Мијалков? Или сините ДУИ на пријателството со Заев и неговите компромитирани функционери?!

 

Денеска конечно паднаа маските. Албанците, денес, по 20 години, конечно сфатија дека „ДУИ не е УЧК!“; дека „сите добри дела за Албанците во крајна линија не носат печат на ДУИ!“, туку дека ДУИ е срам, навреда и понижување на секој Албанец за интересите на власта и фотелјите на политичката клика која ги зароби Албанците – се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.